| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.09.2017

Скопското дерби на Чаир (ЖИВО)

Шкупи го дочекува Работнички, Шкендија ја дочекува Победа и оди на четири од четири

Попладнево се играат четири средби од 4. коло во Првата лига. Се очекува најинтересно да биде на скопската пресметка меѓу Шкупи и Работнички, меч кој се игра на стадионот на Чаир. Шкендија на свој терен против Победа оди на четири од четири. Пелистер под „Тумбе Кафе“ не би требало да има проблем против „пиратите“ а во Струмица „пандевци“ ја пречекуваат Ренова.
„Македонски спорт“ и овојпат ќе врши текстуален пренос во живо. Вчера Вардар го победи Силекс со 3:1.

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО - 16 часот
ВЧЕРА:
ВАРДАР - СИЛЕКС 3:1
ДЕНЕСКА:
ШКУПИ - РАБОТНИЧКИ 2:1
Мбела 4’, Јашаровски 90+4’ - Садики 21’
ШКЕНДИЈА - ПОБЕДА 3:3
Емини 30’, Ибраими 42’ (п), Абдурахими 87’  - Најдоски 15’, Цветановски 49’, Гешоски 54’
ПЕЛИСТЕР - СКОПЈЕ 0:0
А. ПАНДЕВ - РЕНОВА 1:0
Балдовалиев 62’ (п)

ШКУПИ - РАБОТНИЧКИ 2:1
4' ГОООЛ - 1:0.
Мбела добива топка во празно од 20-тина метри, излегува сам пред голманот Шишковски и лесно го совладува за водство.
21’  ГОООЛ - 1:1. Емир Сахити нафрлува од корнер, а Садики со глава постигнува гол.
90+4’ ГОООЛ - 2:1. Нафрлена топка од корнер, мешаница пред голот на Работнички, во која најдобро се снајде Јашаровски за да донесе водство на Шкупи.

ШКЕНДИЈА - ПОБЕДА 3:3
1’ -
Супер шанса на Шкендија уште во 55-тата секунда, Емини сам пред голот на прилепчани, но не успеа да се снајде.
15’ ГОООЛ - 0:1 Најдоски од 18 метри со прецизен удар го совладува голманот на Шкендија
30’ ГОООЛ - 1:1 Емини се врати со гол. По извонредниот центаршут од левата страна, Изаир Емини со глава максимално прецизно во голот на Победа.
42’ ГОООЛ - 2:1  Ибраими шутира од слободен удар, топката во рака го удира Станиќ во живиот ѕид. Тоа за судијата Гоцевски е пенал. Ибраими од пенал носи водство за Шкендија
49’ ГОООЛ - 2:2. Станиќ прекрасно го проигрува Цветановски, кој од четири-пет метри од свртување го совладува Захов.
54’ ГОООЛ - 2:3. Наумоски нафрлува пред голот на домашните, тука искусниот Гешоски со глава носи водство за гостите.
87’ ГОООЛ - 3:3. Тодоровски центрира од десно, Абдурахими од три-четири метри пласира во мрежата на прилепчани.

ПЕЛИСТЕР - СКОПЈЕ 0:0

А. ПАНДЕВ - РЕНОВА 1:0
62’ ГОООЛ - 1:0.
Грифони шутира во рака на Незири. Судијата Бартон покажува на белата точка. Балдовалиев постигнува гол за водство на домашните.



Датум: 10.09.2017, 15:19
Статијата е прочитана 827 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense