| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.07.2017

По успесите во Европа, Вардар со 8.625 коефициент

Шампионот доби еден поен од учеството во второто квалификациско коло, еден од третото квалификациско коло и при евентуална елиминација од плејофот од ЛЕ, ќе добие уште 1,5 поен

Досегашниот пласман на Вардар во третото квалификациско коло ќе му донесе и „билдање“ на рејтингот. „Македонски спорт“ пресмета дека со овој пласман, вардарци следната година ќе имаат најмалку 8.625 коефициент, што е подобар од сегашниот, кој изнесува 5.125.
Коефициентот се брои од последните пет години, во кои четири сезони „црвено-црните“ учествуваат во ЛШ, и со тоа добиваат сѐ повеќе поени.

Плус 3,5 поени од сегашните

За пласманот во ЛШ, Вардар доби еден поен и уште еден за пласманот во следната фаза. Во најлош случај, односно при евентуално учество во плејофот во Лигата на Европа и елиминација оттаму, ќе добијат уште 1,5 поен. Што значи дека ќе го подобрат својот рејтинг за 3,5 поени од сегашниот и ќе имаат 8.625, а секој следен успех ќе значи и подобар рејтинг.

Носители следната година

Со овој коефициент, Вардар во следната сезона при евентуален излез во Европа, ќе биде носител во кој било европски куп. Треба да се случи чудо да не биде носител во ЛШ со овој коефициент, а во Лигата на Европа тоа ќе биде сигурно носителска улога.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 28.07.2017, 15:31
Статијата е прочитана 3444 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
11.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense