| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.03.2017

Ејупи: На хартија сме фаворити но, на терен треба максимум

„На хартија сме фаворити, но, од друга страна нема фаворити во фудбалот. Треба да покажеме на терен, да дадеме максимум“ изјави Ејупи

Музафер Ејупи е повратникот во нашата репрезентација. Тој доби повик од селекторот Игор Ангеловски благодарение на одличната форма која ја има во хрватскиот шампионат, но, сега е во една друга улога, да им помогне на репрезентативците утре да дојдат до првата победа и тоа против Лихтенштајн.
„На хартија сме фаворити, но, од друга страна нема фаворити во фудбалот. Треба да покажеме на терен, да дадеме максимум. Максимална концентрација е потребна и да дадеме се од себе. Се завивиси од нас, секоја победа значи многу, ќе ни значи и мотивациски и психолошки“ изјави Ејупи.

Мечот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.



Датум: 23.03.2017, 21:39
Статијата е прочитана 923 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense