| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.12.2017

Алтипармаковски е прв пик на Работнички

Големи се шансите по пауза од 18 месеци, одличниот напаѓач да се врати во Градски парк

Марјан Алтипармаковски (26) би требало да биде едно од најголемите засилувања во Работнички во претстојниот зимски преоден рок. Тоа значи дека популарниот Маца, би се вратил во Градски парк по цели 18 месеци.Имено одличниот напаѓач беше во Работнички од 2014 до 2016 година, кога на 63 меча постигна 20 голови. Потоа тој во летото 2016 се пресели во Интер Запрешиќ, од каде во јануари замина во Судува со која последната сезона ја освои и шампионската титула. Алтипармаковски во Работнички би дошол како слободен играч со оглед на тоа дека пред две недели него му истече договорот со тимот од Литванија.



Датум: 09.12.2017, 14:43
Статијата е прочитана 1401 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense