| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.11.2017

Шиков ќе го оперира рамото

Искусниот стопер ќе ја санира повредата којa извесно време му задава проблеми

Веднаш по завршувањето на првенството на Казахстан, во кое Тобол за малку не избори учество во Европа, Ванче Шиков веднаш заминува на операција на рамото. Искусниот стопер има проблеми и се реши да ги санира откако ќе заврши со обврските за својот тим.
Со тоа, тој, можеби, го одбра најдоброто решение за себе, со оглед на фактот дека сега ќе има пауза во која ќе може да се рехабилитира и потоа да ги почне подготовките со својот тим без никаква повреда.
Шиков е дел од Тобол, каде што замина во текот на оваа сезона, откако претходно беше дел од Работнички. Тој не е во плановите на селекторот Ангеловски во последно време и не добива повици за настап во националниот тим, за кој има одиграно 56 натпревари.



Датум: 07.11.2017, 19:37
Статијата е прочитана 466 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense