| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.05.2017

Фиорентина пишува понуда за Несторовски

Екипата се подготовува за продажба на својот прв голгетер Калиниќ, и оттука во Македонецот гледаат вистинска замена

Никола Калиниќ е на списокот на неколку големи европски тимови за ново летно засилување. А, добро е познато дека тој е главниот напаѓач на Фиорентина во последните две сезони. Токму оттука неговото заминување ќе треба да биде надоместено, а вистинскиот играч за тоа е - Илија Несторовски. Фудбалерот на Палермо, кој го привлече вниманието кон себе со головите во Серија А оваа сезона, е цел на многу клубови. Меѓу нив и од Англија, Шпанија, иако засега тој е блиску до останување во Италија, со оглед дека, покрај Фиорентина, за него се интересираат и Наполи, Аталанта, Сасуоло и неколку други имиња. Фиорентина, пак, не сака да ризикува и посакува играч кој лесно би се вклопил во нејзината средина.

„ВИОЛЕТОВИТЕ“ ТРИЈАТ РАЦЕ
Со оглед дека долго Илија Несторовски нема постигнато гол, од Фиорентина тријат раце, затоа што сега можат за помалку од 20 милиони евра да го ангажираат во своите редови и да го доведат на „Артемио Франки“. Цената беше во моментите кога Несторовски даваше голови како од шега, меѓутоа токму финишот од сезоната во кој тој нема постигнато гол, ќе биде најсилниот адут на „виолетовите“ да го земат за помалку пари. Инаку, Фиорентина од идната година може ќе има нов тренер, со оглед дека актуелниот Пауло Соуса се споменува на клупата на Борусија Дортмунд.

 



Датум: 20.05.2017, 09:30
Статијата е прочитана 1165 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense