| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2018

Седлоски е нов тренер на ФК Рига

Богатиот летонски клуб игра во Лигата на Европа, а финансиер е познат руски тајкун

Гоце Седлоски во новата сезона на Летонија ќе го предводи тимот на ФК Рига. Трфејниот сратег на Вардар ја прифати понудата од моќниот руски тајкун кој е спонзор на клубот кој е формиран пред три години. Рига во минатата сезона беше трета во шампионатот на Летонија и летово ќе игра во квалифициските кола од Лигата на Европа.
„Од денеска сум на клупата на ФК Рига.Прифатив да бидам дел од еден голем проект и подготвен сум за новиот предизвик“ изјави Седлоски ексклузивно за „Македонски спорт“. Утре нашиот тренер со тимот заминува на подготовки во Абу Даби. Инаку Седлоски ја доби довербата да биде тренер на Рига пред Ли Кларк, кој лани беше менаџер на Блекбурн.
Барем засега се знае дека Алекандар Митев ќе му биде асистент на Седлоски. Тој му беше асистент во Хоризонт Турново и Вардар.
Договорот Седлоски го потпиша на 1+1 година.




Датум: 27.01.2018, 11:02
Статијата е прочитана 2278 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense