| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

„Пандев“ ја одби Шкендија за Дориев

Љупче Дориев игра во добра форма во овој шампионат, имаше понуда да замине во Шкендија но во последен момент Академија Пандев реши да го задржи

Македонскиот сениорски сега вее репрезентативец Љупче Дориев можеше да биде звазда на преодниот рок во домашниот шампионат ова лето, доколку неговиот клуб Академија Пандев се одлучеше да го продаде во амбициозната Шкендија.
Селата ситуација околу преселбата на Дориев во Тетово се случувала по мечот Шкендија – Академија Пандев кој тетовчани го добија со 2:1, но во кој Дориев одигра одлични деведесет минути, а постигна и гол. Домашните по завршувањето на мечот веднаш се распрашале под кои услови Дориев евентуално би преминал во Шкендија и тоа веднаш, па Академија Пандев што се вели била фатена во „тесно“.

ОДБИЕНА ПОНУДА ОД 50.000 ЕВРА
Како што дознаваме, Шкендија понудила во тие моменти 50.000 евра за да го добие Дориев. Тоа за македонски услови би бил екстра трансфер со оглед на фактот што тетовчани сакаа летово што повеќе да се засилат и да направат уште посилен тим. Сепак, иако струмичани во еден момент се двоумеле да ја прифата понудата сепак, на крајот истата била одбиена.

 



Датум: 02.09.2017, 08:54
Статијата е прочитана 7950 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense