| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.07.2017

Шкендија VS Пелистер, бој за спас и за историја

Денеска е голем ден, денеска во Струмица со почеток во 17 часот се игра се Куп финалето на Македонија. Се среќаваат Шкендија и Пелистер во јубилејното 25 финале

Денеска е ден за финале. Финале од Купот на Македонија, во кое силите ќе ги одмерат Шкендија и Пелистер. Струмица и стадионот „Младост“ се домаќини на големиот меч за двата тима, кој се очекува во двата табора. Двата тима влегуваат во битката со иста желба - победа која би била круна на сезоната. Тоа е со посебен шмек за битолчани, кои нема што да загубат. Тие се морални победници, со оглед на тоа дека лани ова време беа пред опстанок во Втората лига, а денеска еве ги во финале, во битка за големиот трофеј. Пелистер пред 16 години го освои големиот пехар во Скопје, кога со 2:1 славеше над Слога југомагнат. Еве денеска, со Шкендија, се надева на ново чудо. Против истата таа Шкендија која лани летото газеше низ Европа, а еве ја сега во Струмица по спас на честа. Да се освои пехарот, кој би бил утеха за загубената битка со Вардар во шампионатот.

Имаат армија, а доаѓаат со баталјон

Капацитетот на струмичкиот стадион „Младост“ е 5.000 гледачи. Бројка што е премала да ги собере навивачите на двата клуба. Шкендија и Пелистер имаат по само 300 билети за своите „балисти“ и “чкембари“. Двата клуба имаат армија навивачи зад себе, а во Струмица доаѓаат со мал баталјон. Штета што околностите се такви и ФФМ во преден план ја става безбедноста на самото финале. Како и да е, денеска за финалето се очекуваат полни трибини и добра атмосфера. Се надеваме дека двата тима ќе вратат со фудбал за кој ќе се зборува со години и години.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Датум: 17.05.2017, 13:45
Статијата е прочитана 1029 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense