| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.02.2017

Вардар на Мамиќ му е во „срцето“...

Се спојуваат патиштата на нашиот шампион и првиот човек на Динамо Загреб. Каде Вардар и да се подготвува, биле летни или зимски подготовки, Здравко Мамиќ гледа дел од натпреварите на „црвено - црните“

Вчера во Анталија на мечот Вардар - Анжи, на трибината на стадионот во Белек беа и Здравко Мамиќ и Ивајло Петев, првиот човек и тренерот на Динамо Загреб. И двајцата имаа што да видат по добриот настап и победата на нашиот шампион со 2:1. Интересно е нешто друго, имено како секогаш да се спојуваат патиштата меѓу Вардар и Мамиќ. Имено каде и да се подготвува нашиот шампион, биле тие летни или зимски подготовки, во Словенија, Австрија или Турција, Мамиќ ги следи „црвено - црните“, или барем дел од нивните натпревари. Да потсетиме дека Вардар и Динамо Загреб играа летоска во  квалификациите во ЛШ.

 



Датум: 06.02.2017, 14:49
Статијата е прочитана 4219 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense