| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2016

Митов-Нилсон паузира до април

Репрезентативниот чувар на мрежата ја направи операцијата на раката и го очекува пауза од три месеци

Давид Митов-Нилсон, голманот на македонскиот национален тим, одново се најде на листата на повредени за Норчепинг. Само што беше пред „кам-бек“ по скршеницата на ногата, тој за време на еден тренинг доби скршеница на раката. Вчера ја направи операцијата, и сега ќе паузира до април кога се очекува да се врати на терените. Тоа значи дека чуварот на мрежата ќе го пропушти почетокот на сезоната во Шведска.

„Жал ми е за момчето. Штотуку се врати од повредата на ногата, ја скрши раката. Беше многу амбициозен и сакаше да се врати, и сега му се случува ова“, изјави менаџерот Јенс Густафсон.

Според информациите, операцијата минала успешно, и докторите биле задоволни. Сега ќе следува повторно рехабилитација, а се очекува „малерозниот“ Митов-Нилсон да работи под посебен третман сè до своето целосно враќање на терените, кое се очекува во април.



Датум: 27.01.2017, 10:06
Статијата е прочитана 567 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense