| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.09.2017

Зенит испука петарда

Вардар со 0:5 е поразен среде Скопје во првиот меч од „Л“ групата во Лигата на Европа

Немоќен Вардар против Зенит и пораз од 0:5. Гигантот од Русија во целост ја оправда фаворитската улога и сосема заслужено успеа да ги освои бодовите. Вардар непрепознатлив, плашлив, импресиониран. Дури во самиот финиш на средбата успеа колку толку да му се закани на гостинот од Санкт Петербург. Но сето тоа беше бадијала, Зенит покажа зошто е гигант. Инаку се беше готово уште во првите 20 минути кога тој Кокорин успеа со два гола да ја матира одбраната на вардарци. Следуваше негова асистенција во 39. минута до Џуба за водство на Зенит од 3:0. Со тој резултат и се замина на одмор.
Во второто полувреме Вардар како да се разбуди од сонот, почна нешто да игра, да посакува да го намали водтсвото но прими уште еден гол и тоа по грешка на голманот Гачевски кој просто му подари идеална шанса на Ивановиќ  за 4:0. Но тоа не беше крај, Ригони во последните моменти од средбата ги постави конечните 5:0
Да потсетиме дека по две недели, на 28 септември Вардар му гостува на Розенборг во рамките на второто коло во „Л“ групата. А тој Розенборг пак на гостувањето кај Сосиедад, во вториот меч од групата, исто така загуби со 4:0.

ТАБЕЛА „Л“ ГРУПА
1. Зенит 3
2. Сосиедад 3
3. Розенборг 0
4. Вардар 0

 



Датум: 14.09.2017, 22:59
Статијата е прочитана 898 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense