| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.02.2018

ШИШКОВСКИ НА ГОЛОТ НА ЛАХТИ

Репрезентативниот голман заминува за Финска

Дамјан Шишковски својата кариера ќе ја продолжи во Лахти. Репрезентативниот голман, зимава си замина од Работн ички, неговиот долгогодишен клуб, и имаше отворени опции. Па така, одлуката падна на тимот на Лахти, кој претстојната сезона во тамошниот шампионат планира да игра сериозна улога.
Интересно е да се напомене дека Шишковски веројатно ќе го заземе местото на Давор Талески. Прилепчанецот изминатите десетина дена беше во таборот на Лахти, одигра и пријателски меч со Хонка но ете на крајот не се договори за да остане во Финска. Наместо него, македонскито голман кој ќе биде дел од тимот ќе биде Дамјан Шишковски.

ПО СТАПКИТЕ НА СИМОНОВСКИ

Како што е добро познато, во изминатиот период со успех за тимот на Лахти настапуваше Марко Симоновски, кој постигна петнаесетина голови, и преку овој клуб се пресели во Романија. Трансферот на Шишковски би требало да се оствари во следнтие ден, два.



Датум: 03.02.2018, 10:57
Статијата е прочитана 1477 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense