| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.12.2017

Ингилизов не ги дава печатите во Победа!

Кој сега раководи со ФК Победа? Се случува административен хаос во редовите на прилепскиот клуб. Луѓето кои сакаат да и помогнат на Победа, не можат да ги добијат печатите


Малку и е се на Победа актуелните проблеми, фактот дека нема пари, дека клубот полека но сигурно пропаѓа, туку се случува административен хаос во буквална смисла. Имено досегашниот или пак се уште актуелниот претседател на ФК Победа Гоце Ингилизов, човекој кој досега „дрмаше“ со фудбалот во Прилеп, едноставно, така барем велат нашите информации не сакал да ги предаде печатите на луѓето кои сакале и биле подготвени да го преземат клубот и да и помогнат на Победа. Тоа е тој Ингилизов кој во минатото беше споменуван во јавноста и во негативна конотација со изградбата или реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“. Информациите од градот под „Маркови кули“ велат дека тој не сакал ниту да чуе да ги предаде печатите, иако самиот не е способен да ги разреши сите дилеми или проблеми со кои се соочува Победа.



Датум: 18.12.2017, 17:25
Статијата е прочитана 3622 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense