| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.08.2017


Емини и Лена во „пакет“ во Шкендија!?

*Двеоцот на Кукс се враќа во Македонија, ги засилува тетовските „црвено - црни“


Она што во неколку наврати се споменуваше, па и од „Македонски спорт“, дека искусниот напаѓач Изаир Емини е многу блиску до враќање во Шкендија, се чини дека од ден на ден е сѐ поблиску до остварување. Имено, договорот на Емини со Кукс му е истечен и тој може како слободен играч да се врати во Шкендија, каде што беше од 2007 до 2012 година. Проблем е само фактот дека Кукс му прави проблем повикувајќи се на некаков анекс договор. Токму затоа, откако заврши тимот од Албанија со настапот во квалификациите во ЛШ, Емини не оди на тренинзи.
Тоа не е ништо ново, но затоа ново е можниот трансфер на Нијази Лена во таборот на тетовските „црвено- црни“. И нему му е истечен договорот со Кукс и тој би можел да потише за Шкендија. Тој е искусен играч за врска, досега има играно за Македонија ЃП од шампионските денови, Милано, Теута, Фљамуртари и за Кукс. Сепак, дали во „пакет“ или само еден од нив ќе дојде во Шкендија, останува да се види во текот на следните неколку дена.

 



Датум: 04.08.2017, 11:21
Статијата е прочитана 2645 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense