| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.12.2017

Шкупи со „Груп Импекс“ кон Европа

Новиот голем спонзор на ФК Шкупи ветува стабилизирање на клубот, а наскоро и вложувања кои ќе бидат од рангот на Вардар и Шкендија. Шефкет Демири е човекот кој ќе го врати клубот од Чаир на старите патеки

По долги години изчекување, кончено дојде и новиот спонзор на ФК Шкупи. Она што години и години  се чекаше во Чаир конечно се случи. Компанијата „Груп Импекс“ и нејзиниот сопственик Шефкет Демири, е новиот главен спонзор на клубот кој е еден од најтрофенините во Македонија.
„Јас сум роден во Чаир, јас сум стар скопјанец. Последните дваесетина години живеам во Турција, но секогаш сум бил поврзан со ФК Шкупи. Последните два месеци сме во постоен контакт, околу потенцијалната соработка. Се договоривме да направиме четиригодишен план. Првите шест месеци ќе пробаме да го стабилизираме клубот, да донесеме неколку засилувања. А за следната сезона имаме далеку поголеми амбиции и кон такво нешто мора да се стремиме“ – изјави новиот прв човек на ФК Шкупи. Шефкет Демири.

ВЛОЖУВАЊА ВО РАНГОТ НА ВАРДАР И ШКЕНДИЈА
Тој најави дека парите кои ќе ги инвестира во рамките од четиригодишниот план за клбуот, се деловна тајна но Демири истакна дека клубот ќе биде во рангот на еден Вардар и Шкендија. 

БУЊАКУ: БЛАГОДАРНОСТ ДО ОПШТИНАТА И ДО НОВИОТ СОПСТВЕНИК
Претседателот на клубот, Омер Буњаку имаше само пофални зборови за луѓето кои никогаш не го напуштија клубот, кога му беше најтешко и за градоначалникот односно новиот сопственик кој го решија ова големо прашање наречено спонзор на ФК Шкупи.
„Сакам да им се заблагодарам на сите присутни. Како претседател на ФК Шкупи, му се заблагодарувам на градоначалникот Висар Ганиу, што вети дека ќе пронајде спонзор, кој ќе го врати клубот на старите патеки, она што, секако, ние сите долго го посакувавме. Им благодарам на сите кои во изминатиот период беа со нас, кога на клубот му беше најтешко“ – изјави Буњаку.


ГАНИУ: ОПШТИНА ЧАИР ЗАСЛУЖУВА СИЛЕН ШКУПИ
„ Ова е голем ден за нас. Во истиот славиме деведесет години од постоењето на клубот. Навистина многу генерации минале овде, и ние сме горди на амблемот на ФК Шкупи.
Моите први сеќавања фудбалски воопшто се поврзани со овој клуб, и како младинец од седумгодишна возраст до сега. Јас сум цел живот врзан за овој клуб, како играч, функционер, а еве сега и како градоначанлник на Чаир. На новиот сопственик, Шефкет Демири му посакуваме добредојде и успешна работа. Му стоиме сите на располагање, врзани сме со овој клуб, тој е дел од општина Чаир и секогаш ќе биде. Се надевам дека ова е голем чекор напред во обидот ФК Шкупи да прерасне во еден бренд кој ќе биде гордост на општината, градот и целата држава. – изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

СПОНЗОР И НА ТУРСКИ БОЛУСПОР
За каков спонзор се работи, односно за каква компанија се работи кога станува збор за преземањето на ФК Шкупи доволно говори и фактот дека „Груп Импекс“ е еден од најголемите спонзори на турскиот второлигаш Болуспор.




Датум: 26.12.2017, 17:50
Статијата е прочитана 6422 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense