| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.08.2017

ДУРИ 102.000 ЛИЦА АПЛИЦИРАЛЕ ЗА СКОПЈЕ

*Најголем интерес во историјата за натпревар од Супер Купот на УЕФА токму за дуелот во вторник на „Филип Втори“

Македонски спорт“ стигна до бројката на лица кои аплицирале за  влезница за дуелот Реал Мадрид - Манчестер јунајтед кој ќе се одигра во вторник во Скопје. Околу 102.000 лица сакале да купат билет за спектаклот на „Филип Втори“ а од нив само 24.000 го добиле среќниот меил од Нион. Станува збор за рекорден број на апликации кои се стигнати во службите на УЕФА за натпревар од Супер Купот на УЕФА.
Како што е познато билетите се продаваа по цена од 15, 30 и 50 евра а околу 12.000 влезници се поделени за навивачи од Македонија. Останатата поливина е за странци а преостанатите билети до комплетниот капацитет од 33.000 гледачи се билети на УЕФА за спонзори, партнери.. но тука е и бројката на билети за ВИП гостите на двата клуба и нивните навивачи.
Исто така се поделени (продадени) и билети за фудбалските работници во Македонија.
Натпреварот Реал Мадрид - Манчестер јунајтед се игра во вторник на 08.08.2017 година во Скопје со почеток од 20:45 часот. Станува збор за мега-спектакл во регионот и најголем настан во Македонија.



Датум: 03.08.2017, 11:28
Статијата е прочитана 2049 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense