| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.01.2017

Сауд Сахити пред трансфер во Астана

Нашите информации велат дека извонредниот крилен напаѓач на „романтичарите“ деновиве ќе стави потпис за шампионот и најголем клуб во Казахстан

Суад Сахити (21) по 2.5 години престој во редовите на Работнички, по сè изгледа, ќе прави трансфер во Астана, во редовите на шампионот и најголемиот клуб во Казахстан. Како што велат нашите информации, завршните преговори се во тек и ако сè биде в ред, во текот на следните неколку денови би требало да стави потпис за Астана. Се разбира дека, се разбира ако се оствари, тогаш овој трансфер ќе биде уште еден во серија на фудбалер на Работнички надвор од Македонија.
Инаку, Суад Сахити во летото 2014 година дојде од Косово во Градски парк. Многу бргу се наметна не само меѓу „романтичарите“ туку во целата Прва лига, како еден од најдобрите и најбрзи крилни напаѓачи. Одличните настапи и во Европа во летото 2015 година придонесе за него да има голем интерес од менаџерите, но и настојување на нашата фудбалска федерација да му се даде македонски пасош за да може да игра за нашата млада селекција. Тој и одработи неколку тренинзи под водство на Благоја Милевски. Екс тренерот на „романтичарите“ Игор Ангеловски му го даде првотимскиот статус а сегашниот, Виктор Треневски, не можеше да го замисли тимот без него.


И ХАЈДУК БЕШЕ ВО „ИГРА“
За услугите на Суад Сахити, како што рековме веќе, во последно време беа заинтересирани неколку клубови. Оваа зима се говореше за можен трансфер во Хајдук, се споменуваа дури и 200.000 евра како отштета којашто требаа сплитските „били“ да му ја платат на клубот од Градски парк. Се најавуваше и можен трансфер во тетовска Шкендија, но најновите информации велат дека Суад Сахити е многу блиску до трансфер во еден голем клуб, во Астана, во шампионот на Казахстан.

ПО АГИМ НА РЕД Е СУАД
Кога сме кај Астана интересно е тоа што засега и официјално член на тој клуб е Агим Ибраими. Но, познати се проблемите кои нашиот репрезентативен напаѓач ги има во тој клуб, раскинот на договорот е блиску па така екстремно мали, речиси никакви, се шансите нападот на Астана да биде предводен од тандемот Агим Ибраими - Суад Сахити. Инаку, ако веќе Суад навистина ќе замине во Астана, ќе може без проблеми да се информира за тамошните услови од својот сегашен клупски колега Филип Ивановски. Да се потсетиме дека искусниот напаѓач играше за Астана во сезоната 2012/2013.



Датум: 14.01.2017, 10:15
Статијата е прочитана 2532 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense