| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.12.2017

Носители во групите од Лига на нации

На нашата репрезентација и е дадено местото на фаворит во групната фаза од Лигата на нации

Македонија ќе биде во првиот пот меѓу главните носители во Д групата од новоформираната Лига на Нации што треба да стартува следната година.
Со рејтингот на 41. место меѓу европските селекции нашата репрезентација ќе има привилегирана позиција при ждрепката на 24. јануари во Лозана.
Со нас во првиот пот се и Азербејџан, Белорусија и Грузија, селекции кои не можа да ни бидат во група.
Во вториот пот од Лигата Д се Ерменија, Летонија, Фарски Острови и Луксембург.
Во третиот пат се Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта.  Како најслаборангирани во оваа конкуренција во четвртиот пот се сместени селекциите на Андора, Косово, Сан Марино и на Гибралтар.
Ова е одлична шанса за македонската селекција да се најде на ЕП 2020 година преку ова натпреварување.



Датум: 07.12.2017, 18:44
Статијата е прочитана 1484 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense