| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.07.2017

Шкендија сака да го мине Хелсинки

На денешниот прес тренерот на тетовци Ќатип Османи и капитенот Ферхан Хасани, сметаат дека тимот од Финска заслужува целосен респект

Нема да биде воопшто лесно против Хелсинки, во двомечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа, но Шкендија сака да оди натаму и да се пласира во следната рунда. Тоа е главната поента од денешниот прес на тетовци по повод утрешниот натпревар со Хелсинки кој ќе се одигра утре во Струмица со почеток во 18 часот.
„По оние два меча со Дачија сега на ред е двомечот со Хелсинки. Финците се поквалитетен тим и затоа мора да се одигра максимално сериозно. Не криеме дека посакуваме да го минеме Хелсинки“ потенцираше тренерот Ќатип Османи.
Капитенот Ферхан Хасани пак посочи...
„Нема да биде лесно, но наша обврска е да одиграме квалитетно на овој прв меч и да дојдеме до добар резултатот пред реваншот во Финска“.



Датум: 12.07.2017, 15:20
Статијата е прочитана 1312 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense