| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.03.2017

Пандев отстранет со „дисциплинска“

Џенова гостува кај Емполи без нашиот фудбалер кој е надвор од тимот поради тоа што одбил да влезе во игра во 90 минута на претходниот меч со Болоња

Горан Пандев се соочува со дисциплинска постапка во Џенова. Тоа го објавија медиумите во Италија а венсикот „Гаезета Дело Спорт“, најавува сека искусниот играч нема да биде во комбинација за денешниот дуел со Емполи. Пандев не е на списокот на патници по одлуката на управата да покрене постапка против Пандев кој го нарушил имиџот на клубот.
Скандалот се случи минатата недела кога Горан Пандев во 90 минуита одби да влезе во огра на дуелот со Болоња. Тренерот Мандорлини најави дека тоа не е сериозен испад на играчот но сепак постапката е покрената и Горан Пандев се соочува со казнена мерка. Се додека случајот не се реши фудбалерот нема да биде во екипата.
На Горан Пандев договорот со Џенова му истекува по завршувањето на сезоната. Оваа сезона е една од најслабите на клубот во изминативе неколку децении.
Од нејасни причино за Палермо не игра и Александар Трајковски кој исто така не е во комбинација за дуелот со Торино. Само Илија Несторовски блеска во Италија и тој иако со мала повреда ќе биде ударната сила на тимот од Сицилија во невозможната мисија на гостувањето на Олимпискиот стадион во Торино.



Датум: 05.03.2017, 11:44
Статијата е прочитана 1155 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense