| контакт | маркетинг

18.01.2018

Со 15 години прави чуда на Австралија опен

Марта Костјук е вистински хит во досегашниот дел од престижниот тениски турнир Австралија опен

Украинката Марта Костјук има само 15 години успеа да се пласира во третото коло на престижниот грен слем турнир Австралија опен и стана најмладата тенисерка со ваков подвиг после Мирјана Лучиќ-Барони во 1997 година на УС Опен.
Инаку Костјук влезе со покана од организаторот како минатогодишна јуниорска шампионка на Австралија опен, но никој не препоставуваше дека тинејџерката, инаку 521. тенисерка во светот ќе пројде две кола.
Костјук во првото коло ја исфрли 27. тенисерка во светот Кинеската Пенг со 6:2 и 6:2, а во второто ја победи Оливија Роговска со 6:3 и 7:5.
Досега во кариерата заработила 5.500 евра, а за овие две победи на Австралија опен на сметката ќе добие 90.000 евра! Во третото коло кое се игра утре Украинката ќе ги одмери силите со далеку попознатата сонародничка Елина Свитолина.
„Прво ќе им купам нешто на моите, а потоа и нешто за себе“, изјави Костјук на прашањето како ќе ги потроши парите.

 



Датум: 18.01.2018, 10:15
Статијата е прочитана 575 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense