| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.10.2017

Шкупи со поддршка: 200 „Шверцери“ патуваат во Струмица

Тимот од Чаир ќе биде бодрен на „Младост“ од своите симпатизери

Шкупи на денешниот натпревар против Академија Пандев во Струмица ќе ја има поддршката од своите навивачи. Имено, 200 фанови од навивачката група на овој тим „Шверцери“ патуваат накај градот каде што денеска ќе настапува нивната екипа. Тие ќе бидат на „Младост“ и ќе ги бодрат своите миленици во обидот да стигнат до добар резултат.

Ова е еден од ретките натпревари на кои што ќе присуствуваат гостински навивачи. На дербито денеска помеѓу Вардар и Шкендија, тетовскиот тим ќе ја нема поддршката бидејќи е договорено да не патуваат гостински фанови.



Датум: 14.10.2017, 11:30
Статијата е прочитана 1782 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense