| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.07.2017

Бујчевски пред трансфер во Победа

Напаѓачот си замина од Битола и е пред преселба во Прилеп. Победа е во потрага по напаѓач, а фаворит е токму Бујчевски

Антонио Бујчевски е првиот пик на Победа Прилеп во обидот овој тим да го засили нападот и да биде што поконкурентен следната сезона. Битолчанецот замина од својот Пелистер летово и, многу веројатно, ќе се пресели во лутиот ривал, прилепска Победа. Такви се најавите од градот под Марковите Кули, каде што активно се подготвуваат за следната сезона, сѐ со цел да не им се случи истиот страв од испаѓање како минатата година. Со Бујчевски во нападот, прилепчани дефинитивно би добиле далеку повеќе квалитет и искуство, што веќе и го имаат во Благоје Гешоски. Но, од здрава конкуренција никого не го боли глава, па доколку и дефинитивно го завршат трансферот на Бујчевски, тогаш може само да добијат.

 

 

 

 

 

 

 



Датум: 03.07.2017, 10:40
Статијата е прочитана 1864 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense