| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

Само триумф е опција за Пелистер

Битолчани во името на сите сплетки и проблеми кои им се случија изминатиот период денеска ќе се обидат со победа и три бода да се рестартираат пролетва. Штипјани ги трошат последните кредити.

За Пелистер нема дилеми, на денешниот меч во Охрид против Брегалница мора да дојде до трите бода. Иако битолчани хендикепирани се поради тоа што не можат да играат под „Тумбе Кафе“, сепак поседуваат квалитет за да дојдат до триумф на дуелот со „сините“, меч со кој се отвара 20. коло кое е на програмата викендов.
„Секако дека само победа ни е во мислите. Знаеме за нас што значи овој натпревар. Ќе биде тешко, Брегалница е добра екипа но ние имаме намера да го искажеме нашиот квалитет и да ги освоиме трите бода. Јас имам посебен мотив, имено сакам со победа да го прославам мојот вчерашен роденден“ ни изјави Боби Божиновски.

ДВОЈКИ ЗА 20. КОЛО
ДЕНЕСКА, 14 ЧАСОТ
ОХРИД: ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА
УТРЕ, 14 Ч
СКОПЈЕ: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
СКОПЈЕ: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
КРАТОВО: СИЛЕКС – ПОБЕДА
ТЕТОВО: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП



Датум: 25.02.2017, 12:10
Статијата е прочитана 889 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense