| контакт | маркетинг
КОШАРКА

16.07.2017

Чековски и Тасовски се пример за помладите

Селекторот Давитков имаше пофални зборови за ветераните Ѓоѓи Чековски и Диме Тасовски, кои после подолга пауза се вратија во репрезентацијата, и со своите игри и однос кон дресот со националниот грб, претставуваат пример за помладите. Бојан Крстевски не беше во составот, а од тие што беа во комбинација, само Игор Пенов не влезе во игра.

Селекторот Давитков имаше пофални зборови за ветераните Ѓоѓи Чековски и Диме Тасовски, кои после подолга пауза се вратија во репрезентацијата, и со своите игри и однос кон дресот со националниот грб, претставуваат пример за помладите. Бојан Крстевски не беше во составот, а од тие што беа во комбинација, само Игор Пенов не влезе во игра.
„Чековски покажа како е да се бори за својата земја, и заедно со Тасовски даваат тежина на овој тим. Им благодарам што прифатија да помогнат, и се надевам дека и помладите ќе ги следат нивните стапки и ќе даваат сè од себе за да стигнеме до квалификациите за СП. Само Пенов не влезе во игра, имаме малку повеќе играчи на тие позиции крило и крилен центар, не можам на еден меч да ротирам повеќе. На следните дуели ќе им давам шанса, па да видиме кој ќе се наметне. Впрочем, Пенов и кога го викнавме во репрезентацијата, беше планиран за специјални задачи. Што се однесува до Теодор, не е спорно дека е квалитетен кошаркар, имаше мала повреда и пред натпреварот, но сакаше голема желба да игра и не сакав да го спречам. Го истегна мускулот, верувам дека за некој ден ќе се врати. Уште му треба време за подобро да ги запознае соиграчите, за еден играч на плејмејкерската позиција најважно е да знае во кој момент кај кого треба да оди топката. Ќе ни биде од голема корист, на таа позиција немаме преголем избор“ - анализира Давитков, кој после цела деценија, повторно ја водеше репрезентацијата на меч во Скопје.
Наредните контроли за Македонија се од четврток до сабота во „Борис Трајковски“ кога на „Трофејот Македонија“ ќе си ги одмериме силите со БиХ, Холандија и Португалија.

 



Датум: 16.07.2017, 16:28
Статијата е прочитана 830 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense