| контакт | маркетинг

14.03.2017

Фени Индустри остана без полуфинале!

Од плус 3 до минус 13. Таков беше патот на кошаркарите на Фени Индустри во четврфиналниот БИБЛ двомеч со екипата на Теодо
 
Кавадарчани не ја одбранија предноста од три поени со која тргнаа на реванш-мечот од 1/4 финалето во Тиват. Затоа што подобри од нив, и тоа доста, беа кошаркарите на Теодо, кои пред својата публика, дојдоа до посакуваниот плус. Дури и десет поени повеќе од потребниот...
Ако се земе в предвид дека Фени Индустри победи во Кавадарци само со три поени (100:97), на крајот, црногорскиот состав оди понатаму, и во полуфиналата серија ќе разигрува против бугарскиот Берое.
Петровски и Шарабидзе беа најефикасни со по 14. поени, Ѓекиќ додаде уште 11.

ТЕОДО - ФЕНИ ИНДУСТРИ 81:68 (20-11; 13-18; 24-20; 24-19)

 



Датум: 14.03.2017, 20:29
Статијата е прочитана 550 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense