| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

03.01.2018

Нема ЕП за Габер, се чека на Доленец и Хенигман

Пикерот на Пик Сегед заработил скршеница на стапалото на тренинг

Селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ не може глава да крене од проблеми, а првиот собир во новата година го обележа повредата на кружниот напаѓач Матеј Габер. Пикерот на Пик Сегед заработил скршеница на стапалото на тренинг и тој не само што го пропушта Европското првенство туку го чека подолга пауза. Како негова замена повикан е 22-годишниот пивот на Целје, Матич Сухолежник, а Вујо побара на подготовките да се приклучи и левиот бек на Горење, Грегор Поточник.
Што се однесува до Јуре Доленец и Ник Хенигман (двајцата направија операција на менискусот на коленото минатиот месец), тие работат по посебна програма и се на интензивна терапија.
„Доленец и Хенигман се на посебна програма. Ќе ги интензивираме оптоварувањата и ќе видиме како ќе одговорат колената“, објасни за словенечките медиуми Вујовиќ.
Словенија е првиот противник на Македонија во групата Ц во Загреб, во натпреварот со кој го отвораме ЕП на 13 јануари.



Датум: 03.01.2018, 11:54
Статијата е прочитана 409 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense