| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2018

Бразилско крило го засили Вардар, Охеда далеку од потпис

„Кариоката“ веќе се приклучи на подготовките на шампионот во Анталија

Густаво Марментини Дос Сантос ќе биде најновото засилување на Вардар во зимскиот преоден рок. 23-годишното десно крило кое досега настапуваше за Ал Итихад, денеска или утре ќе треба да биде промовиран како ново име во редовите на првакот на подготовките во Анталија. Тој исто така може да игра и како полушпиц и на левата страна со оглед дека е играч кој што игра со левата нога.

Од друга страна, пак, офанзивниот играч од средниот ред Лукас Нахуел Охеда веројатно нема да потпише со Вардар. Аргентинецот уште е на проба во „црвено-црните“, ќе одигра некој од следните пријателски мечеви, но засега низ тренинзите не ги задоволува потребните критериуми. Од тука се очекува во следните денови Охеда да ја напушти „базата“ на „црвено-црните“ во Анталија.



Датум: 19.01.2018, 08:59
Статијата е прочитана 2349 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense