| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.08.2017

Џулијо Грифони од утре во Академија Пандев

Екс играчот на Месина, Прато, и некогашен младинец на Фиорентина пристигнува во Академија Пандев

Уште едно странско и за наши фудбалски услови изненадувачки силно име пристигнува во тимот на Академија Пандев. Во текто на утрешниот ден дел од Академија Пандев ќе стане Џулијо Грифони, италијански наппаѓач, кој игра на десната напаѓачка позиција и кој ќе треба да го засили клубот онаму каде што во моментов е најпотребно. Тој во моментов има 24. години и негов последен клуб е славната Месина, а има настапувано и за Прато, Јуве Стабиа, и уште неколку екипи во пониските лиги на Италија. Како младинец има настапувано за екипата на Фиорентина до 19. години.
Тој заедно со Тревис Боуен, кој веќе неколку дена е дел од Академија Пандев  и кој има настапувано за вториот тим на Лос Анџелес Галакси ќе бидат двете следни големи засилувања за струмичани


 



Датум: 02.08.2017, 12:57
Статијата е прочитана 2961 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense