| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.06.2017

Велкоски раскина со Накхон

Шпицот сака назад во Европа. Не му одговара дефанзивниот фудбал, иако е прв стрелец на клубот со четири гола


Само една полусезона, и доста беше. Ваков е ставот на Крсте Велкоски, кој вчера го раскина договорот со екипата на Накхон Ратчасима. Настапи на 17 средби, постигна 4 гола и како таков, е прв стрелец во екипата. Сепак, Накхон е клуб од средината на табелата и екипа во која дефанзивата е приоритет. Помалку од еден гол на натпревар има оваа екипа.
„Не сакав да останам. Заемно се договоривме за раскин на договорот. Сакам да се вратам во Европа и да бидам во екипа која игра напаѓачки фудбал. Сакам да давам голови, тоа е мојата задача...“, напоменува Велкоски, кој во зимскиот преоден рок од Инчон во Јужна Кореја замина за Тајланд.
Тој е еден од милениците на Сараево, клуб кој со него ја освои последната титула. Медиумите во БиХ секогаш го најавуваат како ново засилување за „бордо“ тимот од Сараево.



Датум: 24.06.2017, 11:37
Статијата е прочитана 3340 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense