| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.02.2017

Акраповиќ нов „кормилар“ на Сплит

Од Шкендија каде што се бореше за титулата, во Хрватска босанскиот тренер ќе се бори за опстанок

Денеска Сплит го промовираше Бруно Акраповиќ за нов тренер на својата екипа. Откако пропаднаа преговорите со Елвис Скориа, овој тим се одлучи за поранешниот предводник на Шкендија.

Акраповиќ беше тренер на Шкендија до октомври кога доби отказ од клупата на тетовскиот тим. Иако се споменуваа неколку клубови од Босна, сепак, на крајот тој ќе го води тимот на Сплит кој што се бори за опстанок во хрватската „елита“.

Во моментов Сплит има само осум бодови, и само преку бараж може да обезбеди нова прволигашка „виза“. Акраповиќ ќе дебитира на клупата во дуел против големиот градски ривал Хајдук.



Датум: 13.02.2017, 15:34
Статијата е прочитана 474 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense