| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.08.2017

Вардар ја згази Победа, дербито во Битола без победник

Прва прволигашка победа на Академија Пандев во својата историја, тие славеа над Скопје со 2:0

Вардар без многу мака и тоа со 4:0 ја совлада прилепска Победа на мечот одигран во Ѓорче со што дојде до првите бодови во новиот шампионат. Стрелци на головите беа Барсегјан, Којашевиќ, деби гол на Итало и Фелипе од пенал. Дербито во Битола меѓу Пелистер и Работнички заврши без победник. Гостите поведоа преку Маркоски а Љамчевски израмни. Во Струмица екипата на А. Пандев со 2:0 го совлада Скопје за прва историска победа во Првата лига. Головите беа дело на Дориев и суперталентот Атанасов.

РЕЗУЛТАТИ - 2. КОЛО
ВАРДАР - ПОБЕДА 4:0
ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ 1:1
А. ПАНДЕВ - СКОПЈЕ 2:0
ВЧЕРА,
РЕНОВА - СИЛЕКС 0:3
УТРЕ,
ШКУПИ - ШКЕНДИЈА

ТАБЕЛА
1. Силекс 6 бод, 2. А. Пандев 4, 3. Пелистер 4, 4. Вардар 3, 5. Шкендија 3 (-1), 6. Работнички 2, 7. Шкупи 1 (-1), 8. Ренова 1, 9. Скопје 0, 10. Победа 0 бодови



Датум: 20.08.2017, 19:05
Статијата е прочитана 1133 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense