| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.08.2017

ФФМ: Верувавме во себе и успеавме

„Наместо аплауз за восхит, аплауз за почит! Благодарност до сите за СКОПЈЕ 2017“ се вели во соопштението на Фудбалската Федерација по повод успешно одржаниот Суперкуп

Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до сите кои на било каков начин придонесоа за успешна организација на УЕФА Суперкуп - Скопје 2017.
Благодарност до град Скопје, Влада на Македонија, благодарност до Министерството за Внатрешни работи, државните институции, волонтерите, Црвен Крст, Противпожарна бригада...јавни претпријатија на Град Скопје..., благодарност до медиумите, а, посебно благодарност до навивачите, фудбалските фанови кои дадоа неверојатен придонес во организацијата на настанот.
„Капа долу" за Дејан Пројковски, Горан Трајкоски, Олга Парго за неверојатната „The land of the sun"....„Малешевка" и „Копачка" како никогаш досега моќни, а толку едноставни! Учениците од „Партенија Зографски", секогаш ќе бидете нашите ѕвезди...благодарност до сите граѓани на Македонија!
Верувавме во себе...успеавме!
Аплаузот го заслуживме сите...до еден!
Радоста која ја носи фудбалот...ОБЕДИНУВА“



Датум: 09.08.2017, 17:20
Статијата е прочитана 1184 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense