| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.04.2017

Почина легендата на Тетекс, Душан Томиќ

Поранешниот голман на Тетекс и Црвена Звезда, Душан Томиќ почина во 58. година по долга болест

Томиќ е легенда на тимот на Тетекс, каде што бранеше во единствената сезона кога тимот од Тетово беше член на Првата лига на поранешна Југославија. Томиќ во Тетово заснова и семејство, а потоа работеше и како тренер на голманите во тимот на Љуботен.
Од 2001 година тој работеше како тренер на голмани во кинеските тимови Пекинг, Шенжен и Гвижу, каде што работеше до пред шест месеци, кога се разболе.
Томиќ претставуваше херој на „Војводите“ и на Тетекс. Неговиот погреб ќе биде во понеделник во Рума, Србија.



Датум: 22.04.2017, 21:22
Статијата е прочитана 4095 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense