| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2017

Демири: вардар има одлични услови за работа

Новото засилување на Вардар Бесир Демири, после десетина денови минати во Вардар, ги искажува своите импресии од работата во таборот на шампионот.

Одлично сум прифатен во Вардар и имам одлични услови за работа. Атмосферата во екипата е одлична. Останува само да работиме напорно за да се подготвиме, и уште од почетокот на пролетниот дел да ја сфатиме сериозно работата и на секој натпревар да одиме на победа“, вели Демири за сајтот на ФК Вардар.

Тој истакнува дека е импресиониран од условите за работа во новиот клуб.

Сум слушнал за тренинг кампот на Вардар, а сега откако сум дел од овој тим имам можност и да тренирам во него. Тој наликува на оние тренинг кампови кои ги имаат големите европски клубови. Позитивно сум изненаден од условите за работи кои ги има во Вардар“,рече Демири и додава:

Тренираме веќе десетина дена. Работиме напорно и максимално професионално, и сметам дека овие подготовки се многу важни не само за пролетниот дел, туку и за европските натпревари. Веќе ги дознавме и нашите противници на подготовките во Анталија. Станува збор за многу силни тимови, кои ќе бидат вистински тест за да видиме до каде сме. Сакаме да ги победиме и тие противници, меѓутоа резултатите се во втор план, пред се добро да се воиграме и да ја изградиме нашата игра која што ќе не краси низ првенствените и Куп натпреварите на пролет“, заврши новиот член на првакот.



Датум: 17.01.2017, 14:36
Статијата е прочитана 2961 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense