| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.12.2017

Помошникот на Мрме стана тренер на Кек

Џенгис Реџепи останува во селекцијата, и ќе го води тимот од Косово


Џенгис Реџепи и официјално ќе го води тимот на Кек од Косово. Помошникот на Игор Ангеловски во националниот тим, паралелно ќе работи и со косовскиот прволигаш.

„Од неколку опции кои ги имав, се одлучив да заминам во Кек. Тимот има амбиции да се пласира во Супер Лигата на Косово. Сите мои барања ми беа прифатени. Станува збор за многу амбициозен клуб. Ќе пробам да дадам се од себе да ја постигнеме целта. Мојата нова работа ќе биде паралелно со репрезентацијата, а пред да одлучам се консултирав и со селекторот Игор Ангеловски кој што прифати да бидам и тренер и помошник“, ни изјави Реџепи.


 



Датум: 28.12.2017, 12:10
Статијата е прочитана 997 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense