| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.06.2017


СЕДЛОСКИ: МАЛМЕ ГO ПОМИНАВ КАКО ИГРАЧ (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар има супер искуство против противникот во Лигата на шампионите. Во далечната 1997 година тој како член на Хајдук го исфрли Малме во Купот на УЕФА а во Сплит му даде и гол

Гоце Седлоски е задоволен од ждрепката и од противникот на Вардар во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
„Малме..!? Сите се јаки но Малме беше еден од ривалите кои потајно го посакувавме. Противникот не е наивен. Првак на Шведска со многу познати играчи од матичната земја но и од Данска, Норвешка... Лани играа во Лигата на шампионите и тоа кажува се за нивниот квалитет. Ние можеме да се надигруваме со нив. Подобро Малме отколку Легија, Карабах, АПОЕЛ...“, коментира шефот на струката на „црвено-црните“.
Гоце Седлоски во изјавата за Македонски Спорт ни открива дека како играч го има елиминирано Малме.
„Го имам елиминирано во Купот на УЕФА. Беа тоа два извонредни меча кога јас играв за Хајдук. Во Сплит ги победивме со 3:2 кога бев стрелец на еден од головите. Во Малме ги победивме со 2:0. Сега е на ред и како тренер да ги елиминирам“, додава Седлоски во реакцијата откако Малме стана негов ривал во квалификациите за Лигата на шампионите.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ (голот на Седлоски е на 2:50 минута)

 



Датум: 19.06.2017, 12:59
Статијата е прочитана 2813 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense