| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.05.2017

Пехарот оди во Битола, пенал рулетот за Пелистер

Баже Илијоски во последната серија го совлада Захов и со тоа на „зелните“ им ја донесе втората Куп титула а себе си се почести со петтата

Пелистер е победник во јубилејното Куп финале бр.25 кое се одигра во Струмица. Битолчани ја совладаа Шкендија откако беа подобро изведувачи на пеналите и тоа со 5:3. Илијоски успеа во петтата серија да постигне гол за победа, за голема радост за голема, голема победа над силната Шкендија. Ова за Пелистер е втора титула, а за Илијоски ова е петта и со тоа стана рекордер во мак - фудбалот. Пелистер во текот на целиот меч беше подобар противник, имаше барем три идеални шанси но на крај пенал - рулетот решаваше. По истекот на 90. минути резултатот беше 0:0, исто така немаше голови ниту во продолженијата. За Пелистер стрелци беа Петров, Тодоровски, КОвачев и Илијоски, додека не погоди само ЛУкас, додека кај Шкендија стрелци беа Алими, Радески и Хасани а утнаа Ибраими Абдурахими. Шкендија по втор пат губи во финалето по пенал серијата, така беше и во 2013 година на мечот со Тетекс.
Битола се радува, „чкембарите“ слават, честито Пелистер...



Датум: 17.05.2017, 20:05
Статијата е прочитана 1386 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense