| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.03.2017

Вардар продолжи со Фелипе до 2020 година

Бразилецот кој е еден од најдобрите поединци во редовите на македонскиот шампион и ќе остане и во наредните три години

Македонскиот шампион Вардар ја продолжи соработката со Хуан Фелипе до 2020 година. Бразилецот кој со своите игри се истакна како еден од најдобрите фудбалери и во наредните три години ќе го гледаме во „црвено-црниот“ дрес.
Фелипе во 2015 година дојде од екипата на ЦСКА Софија а за Вардар има одиграно 67 официјални натпревари додека 17 пати се има запишано во листата на стрелците.
Тој е третиот фудбалер кој во изминатиов период потпиша нов договор со Вардар. Претходно тоа го сторија капитенот Бобан Грнчаров и Никола Глигоров кои ќе останат тимот до 2018 година.



Датум: 30.03.2017, 14:27
Статијата е прочитана 1810 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense