| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2018

Пресврт: Марментини не потпишува за Вардар!

Во последен момент пропадна трансферот на Бразилецот во таборот на шампионот

Иако сите детали беа договорени, бразилското крило Густаво Марментини нема да го засили таборот на шампионот Вардар. Марментини дојде во Анталија, но мораѓе веднаш да замине во Скопје на лекарски прегледи. Токму лекарските прегледи се пречката за трансферот, односно Марментини не ги минал „тестовите“, и од тука „црвено-црните“ ќе мора да бараат друго решение.

Марментини требаше да ја засили деснокрилната позиција на Вардарци. Во секој момент се очекуваше неговото пристигнување во Анталија, меѓутоа медицинските прегледи покажаа дека има проблеми, и од тука пропаѓа можноста да гледаме уште еден Бразилец во дресот на „црвено-црните“. Претходно пропадна и трансферот на Јаго Мореира Силва.

Сега Вардар ќе треба да бара нов играч на крилните позиции кој би дошол како засилување. Шампионот исто така ќе треба да се засили и со играч за врска како замена за Бобан Николов, како и со напаѓач. Исто така ќе се бара и лев бек.



Датум: 23.01.2018, 08:54
Статијата е прочитана 1933 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense