| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.05.2017

Дожд од голови и солзи за Шкупи

Победа го победи Работнички среде Скопје со тоа и дефинитивно обезбеди опстанок, Силекс го совлада Шкупи и го прати во бараж. Постигнати се вкупно 25 голови или во просек по 5 на секој меч

Расчистена е и последната дилема во домашниот шампионат. Победа избори директен опстанок а Шкупи ќе игра бараж, тоа е епилогот од денешното претпоследно коло во Првата лига.
Со оглед на тоа дека на поголем број мечеви се играше ревијално, постигнати беа дури 25 голови или во просек по 5 на секој меч. Хетрик постигнаа Јашаровски (Македонија ЃП) и Радески (Шкендија).
Победа го победи Работнички и со тоа директно се спаси, Силекс во Кратово славаше над Шкупи и го прати во бараж, Вардар во Битола го победи Пелистер а во Ѓорче Македонија славеше над Брегалница.


РЕЗУЛТАТИ 35. КОЛО
РАБОТНИЧКИ - ПОБЕДА 0:3
РЕНОВА - ШКЕНДИЈА 4:4
ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 2:3
МАКЕДОНИЈА ЃП - БРЕГАЛНИЦА 5:3
СИЛЕКС - ШКУПИ 1:0

ТАБЕЛА: 1. Вардар 82, 2. Шкендија 67, 3. Работнички 54, 4. Пелистер 52, 5. Ренова 49, 6. Силекс 46, 7. Победа 41, 8. Шкупи 36, 9. Македонија ЃП 22, 10. Брегалница 21 бодови



Датум: 28.05.2017, 18:35
Статијата е прочитана 7608 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense