| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.05.2017

Дерби дуели меѓу Скопје и Тетово (ЖИВО)

Шампионот ја чека Ренова додека Работнички и гостува на Шкендија. Две дерби средби кои можат да го дадат одговорот кој ќе биде четвртиот патник во фудбалска Европа

ВАРДАР - РЕНОВА 2:0 (0:0)

64’ - ГОООЛ - Балотели за 2:0 за домаќинот.

54’ - ГОООЛ -  Акција по средината на теренот, Спировски додаде во празно до Барсегјан кој што во полн спринт ја мина одбраната на Ренова, шутираше прецизно во левиот долен агол за водство на Вардар

37’ - После проигрувањето од Џигаури, Блажевски со шут од десната страна кој што оди само над пречката

36’ - И вториот обид на натпреварот за Вардар дојде преку Џигаури кој директно од слободен удар се обиде, меѓутоа голманот Хаџо беше внимателен

34’ - Велинов шутира во рамките од голот од 25 метри, меѓутоа Алексовски лесно одбрани

18’ - Обид на Џигаури одкосо од десно, но топката оди само над голот

 

ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ 2:2 (0:2)

89’ ГОООЛ - Радески повторно спасител, израмнува на 2-2.  

74’ - ГОООЛ - Марјан Радески ја намалува предноста на Работнички на 1:2.

67’ - Шишковски му брани пенал на Хасани.

57’ - Кире Марковски повеќе од идеална ситуација од 10 метри шутира над гол

41’ ГОООЛ - Ивановски од 18 метри шутира, Захов ја одбива топката, удира во пречката и доаѓа на главата на Вуковиќ, кој само се поклони и даде гол.

21’ - Кире Марковски излегува сам пред голот на Шкендија, Захов брани.

17’ - Убав продор на Абдурахими во левата страна, додава до Радески, но Херера во последен момент спасува чист гол.

7’ ГОООЛ - Убава асистенција на Дурански до Кире Марковски, кој излегува само пред голот на Шкендија и ја погодува мрежата за водство од 1-0.


 

СИЛЕКС - ПЕЛИСТЕР 3:2 (3:2)

40’ ГОООЛ - Антонио Бујчевски израмнува на 2-2, но две минути подоцна Филип Мишевски постигнува автогол за водство на Силекс, 

37’ ГОООЛ - Глигор Глигоров од белата точка зголемува на 2-1.

27’ ГОООЛ - Нафрлена од десно на втората статива, Лукас со глава убаво го префрлува голманот на Силекс за 1-1.

23’ ГОООЛ - Нафрлување на Гуцев, на втората статива осамен погодува Кастратовиќ.

 

ПОБЕДА - МАКЕДОНИЈА ЃП 4:1 (2:0)

79’ ГОООЛ - Бурхан Мустафов го зголемува водството на 4:1

59’ ГОООЛ - Дејан Цветаноски постигна гол за 3-0 против Македонија ЃП.

43’ ГОООЛ - Ристо Илијовски зголемува на 2-0.

29’ ГОООЛ - Мустафов нафрли од корнер, Ристевски со глава ја смести топката во мрежа.

24’  и 30’ - За Матеј Цветановски заврши дуелот во Могила, доби два жолти картони.  

24'- Победа и Македонија ЃП, дуелот го продолжуваат со играч помалку, црвени картони добија Даниел Карчески и Трајче Стојковски, поради неспортско однесување.

 

ШКУПИ - БРЕГАЛНИЦА 2:0 (0:0)

89’ ГОООЛ - 3:0 за Шкупи. Јасир во продор подесната страна, влезе во дриблинг, при што му беше избиена топката, но таа дојде до Јаневски, кој прецизно плаисра од дваесетина метри

86’ - Огромна шанса за Брегалница. Георгиев сам пред голманот Зендели од само 6-7 метри бие, но Зендели брани

77’ -  Ермедин Адем за малку со пета ќе го постигнеше третиот гол за Шкупи по додавањето на Јасир Асани, но гостинскиот голман со многу мака одбрани


74’ ГОООЛ - Шабани одлично се проби по левата страна, мирно сочека и прецизно ја упати топката кон белата точка каде што натрча Јасир асани и од прва ја испрати во мрежата на Брегалница

60’ ГОООЛ -  Мбела почна акциоја по левата страна, додаде кон Шабани во срцето на шеснаесетникот, овој прими, се загради и сврте топката кон пеналтикот каде што натрча бајрами и со десна со надворешниот дел од стопалото ја затресе гостинската мрежа

- Фудбалерите на Брегалница без поголеми возбудвања успеаја да ги сопрат сите обиди на чаирчани да дојдат во водство

 

Во рамките 34. коло во центарот на вниманието ќе биде скопско - тетовскиот двобој. Вардар ја чека Ренова на „Телеком Арената“ а Шкендија пак под Шара го дочекува Работнички. Овие два меча може да го дадат одговорот кој ќе биде четвртиот патник во фудбалска Европа.
Силекс го дочекува Пелистер, на Чаир гостува Брегалница а во Прилеп домашната Победа игра со Македонија ЃП.
И овојпат ќе вршиме текстуален пренос во живо на најинтересните моменти од сите натпревари во Првата лига.


 



Датум: 21.05.2017, 16:21
Статијата е прочитана 930 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense