| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Не се плашиме од никого

Токму таа аутсајдерска улога ѝ одговора на Македонија, која е најсилна кога е потценета. Шпанија и Португалија се силни, Србија талентирана, меѓутоа ние немаме страв од никого

Македонија, како аутсајдер, влегува во битка со најдобрите европски селекции до 21 година. Но, таа атсајдерска улога понекогаш носи и позитивни работи. Како, на пример, потценувањето од другите противници, кои секогаш сметаат дека лесно ќе минат со селекции како нашата, а тоа може многу да ѝ значи на Македонија. Особено што покажавме дека заслужено сме тука, елиминирајќи ја Франција во групата, како и Украина и Исланд, кои имаат силни играчи во своите редови.
Ние за прв пат сме во друштво на најдобрите, и сега момците на Благоја Милевски треба да уживаат во пресметките против  Португалија, Шпанија и Србија, а потоа, ако се пласираат понатаму, и со другите селекции.

ШПАНИЈА СО НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ ЗА ПЕХАРОТ
Шпанскиот национален тим има најголеми шанси за освојување не само на првото место во групата каде што е Македонија туку и на целото Европско првенство. Шпанците се секогаш при врвот и секогаш имаат талентирани играчи, кои се вклучени дури и во сениорскиот тим на „фуријата“. Дел од нив беа и во Скопје пред неколку дена, како Кепа, Бељерин и Асенсио.
Тренерот Селадес го има на располагање и одличниот Делофеу, кој има најмногу настапи за оваа селекција (32) и кој има постигнато најмногу голови (16). Играше во Барселона, сега е во Милан. Тука се уште голманот Кепа, Саул од Атлетико Мадрид, Асенсио од Реал Мадрид, Вилијамс од Билбао...

ПОРТУГАЛИЈА СО НАЈДОЛГАТА СЕРИЈА НА НЕПОРАЗЕНОСТ
Португалскиот сениорски тим минатото лето го освои Европското првенство во Франција, а дел од таа селекција ќе биде и во Полска. Така, на пример, најсилен адут на Португалија е Ренато Санчез, кој лани за 30 милиони евра замина во Баерн Минхен. Тука се и Гуедеш од ПСЖ и Рубен Невеш од Порто.
Португалците се во импресивна серија од 19 натпревари без пораз во регуларниот дел, ако не го сметаме поразот од Шведска на пенали. Во тој случај, нашиот противник има 14 меча во серија без неуспех.

СРБИЈА СЕКОГАШ СО ТАЛЕНТИРАНА ГЕНЕРАЦИЈА
Многу таленти во овој момент доаѓаат од Србија, земја која знаела како да произведе квалитетни фудбалери и спортисти воопшто. Србија е секогаш незгодна, иако на ова ЕП ќе настапи ослабена, без најдобриот играч Сергеј Милинковиќ Савиќ, кому не му беше дозволено да настапи на овој собир.
Сепак, тука е Марко Груиќ од Ливерпул, потоа Андрија Живковиќ од Бенфика, Немања Максимовиќ од Валенсија, Немања Радоњиќ од Рома, Милош Вељковиќ од Вердер, Милан Гаиќ од Бордо.

СОСТАВИТЕ ВО НАШАТА ГРУПА

ПОРТУГАЛИЈА

ГОЛМАНИ
1. Бруно Варела (Виторија Сетубал)
12. Мигел Силва (Виторија Гимараеш
22. Жоел Переира (Манчестер јунајтед)

ОДБРАНА
2. Жоао Кансело (Валенсија)
3. Едгар Ие (Белененсес)
4. Тобијас Фигеиредо (Национал)
5. Рубен Семедо (Спортинг)
14. Ребочо (Мореиренсе)
15. Фернандо (Порто)

СРЕДИНА
6. Рубен Невес (Порто)
7. Даниел Поденсе (Спортинг)
8. Франциско Жералдес (Спортинг)
10. Бруно Фернандес (Сампдорија)
13. Кевин Родригес (Реал Сосиедад)
16. Ренато Санчез (Баерн Минхен)
17. Франциско Рамос (Порто)
20. Брума (Галатасарај)
23. Жоао Карваљо (Бенфика)

НАПАД
9. Гонкало Пасиенсиа (Риао Аве)
11. Јури Медеиреш (Боависта)
18. Гонкало Гуедеш (ПСЖ)
19. Диого Хота (Порто)
21. Рикардо Орта (Брага)

ШПАНИЈА

ГОЛМАНИ
1. Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао)
13. Рубен Бланко Селта)
16. Пау Лопес (Тотенхем)

ОДБРАНА
2. Ектор Белјерин (Арсенал)
3. Хозе Гаја (Валенсија)
4. Хорхе Мере (Спортинг Хихон)
5. Хесус Валјехо (Ајнтрахт Франкфурт)
17. Алваро Одриозола (Реал Сосиедад)
19. Џони Кастро (Селта)
21. Алекс Грималдо (Бенфика)
23. Диего Гонзалез (Севилја)

СРЕДИНА
6. Дани Себалјос (Бетис)
7. Жерард Деулофеу (Милан)
8. Саул Њигез (Атлетико Мадрид)
10. Денис Суарез (Барселона)
11. Марко Асенсио (Реал Мадрид)
14. Микел Мерино (Борусија Дортмунд)
18. Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад)
20. Карлос Солер (Валенсија)
22. Маркос Љоренте (Алавес)

НАПАД
9. Борха Мајорал (Волфзбург)
12. Сандро Рамирез (Малага)
15. Ињаки Вилијамс (Атлетик Билбао)

СРБИЈА

ГОЛМАНИ
1. Филип Манојловиќ (Црцвена звезда)
12. Џорџе Николиќ (Базел)
23. Вања Милинковиќ-Савиќ (Лехија)

ОДБРАНА
2. Милан Гајиќ (Бордо)
3. Немања Антонов (Грасхоперс)
4. Никола Миленковиќ (Партизан)
5. Милош Велјковиќ (Вердер Бремен)
6. Радован Панков (Урал Јекатеринбург)
13. Мирослав Богосавац (Партизан)
14. Вукашин Јовановиќ (Бордо)
15. Александар Филиповиќ (Вождовац)

СРЕДИНА
8. Немања Максимовиќ (Астана)
10. Мијат Гачиновиќ (Ајнтрахт Франкфурт)
16. Марко Грујиќ (Ливерпул)
17. Андрија Живковиќ (Бнефика)
18. Дејан Мелег (Војводина)
19. Саша Лукиќ (Партизан)
20. Михајло Ристиќ (Црвена звезда)
22. Срџан Плавшиќ (Црвена звезда)

НАПАД
7. Огњен Ожеговиќ (Чукарички)
9. Урош Џурџевиќ (Партизан)
11. Александар Чавриќ (Слован Братислава)
21. Немања Радоњиќ (Чукарички)

МАКЕДОНИЈА

ГОЛМАНИ
1. Игор Алексовски (Вардар)
12. Дамјан Шишковски (Работнички)
13. Филип Илиќ (Гандзасар)

ОДБРАНА
3. Јован Попзлатанов (Пелистер)
4. Висар Муслиу (Вардар)
5. Ѓоко Зајков (Шарлоа)
6. Алекса Амановиќ (Јавор)
14. Дарко Велковски (Вардар)
15. Егзон Бејтулаи (Шкендија)
19. Бесир Демири (Вардар)
21. Мевлан Мурати (Шкендија)

СРЕДИНА
2. Елиф Елмаз (Работнички)
7. Енис Барди (Ујпешт)
8. Бобан Николов (Вардар)
10. Давид Бабунски (Јокохама)
11. Даниел Аврамовски (Олимпија Љубљана)
17. Кире Маркоски (Работнички)
20. Тихомир Костадинов (Злате Моравце)
22. Никола Ѓорѓев (Грасхоперс)

НАПАД
9. Марјан Радески (Шкендија)
16. Петар Петковски (Вардар)
18. Виктор Ангелов (Ујпешт)
23. Филип Пивковски (Ландскрона)

 

РАСПОРЕД ГРУПА „Б“
1 КОЛО (17.06.2017)
Португалија – Србија 18:00 ч. (Стадион: Комплекс спортови Завиша, Бидгошч)
Македонија – Шпанија 20:45 ч. (Стадион: Госир, Гдиња)
2 КОЛО (20.06.2017)
Србија – Македонија 18:00 ч. (Стадион: Комплекс спортови Завиша, Бидгошч)
Португалија – Шпанија 20:45 ч. (Стадион: Госир, Гдиња)
3 КОЛО (23.06.2017)
Македонија – Португалија 20:45 ч. (Стадион: Госир, Гдиња)
Србија – Шпанија (Стадион: Комплекс спортови Завиша, Бидгошч)

 



Датум: 17.06.2017, 09:32
Статијата е прочитана 1667 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense