| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.05.2017

Португалија ќе не напаѓа со Санчез од Баерн


Играчот од средниот ред е најзвучното име кај европските Бразилци кои се едни од главните фаворити за највисок пласман


Селекторот на младата португалска репрезентација, Руи Жорге ги одбра своите фудбалери за настап на ЕП во Полска. Најзвучно име е Ренато Санчез кој што настапува во Баерн и дојде минатото лето за сума од 35 милиони евра.

Покрај него туак се и Гонзало Гуедеш, Диого Жота, Рубен Невеш кои што имаат искуство со настапи дел во сениорската селекција, дел во ЛШ и во ЛЕ.

Селекторот на Португалија се одлучи да не смета на Андре Силва. Португалците доаѓаа во Полска после освоената вицешампионска позиција во Европа за играчи до 21 година.


СПИСОКОТ НА ПОРТУГАЛИЈА ЗА ЕП ДО 21 ГОДИНА

Голмани: Варела (Виторија), Переира (Манчестер Ј.) и Силва (Виторија)

Одбрана: Фонсека (Порто), Ребоко (Мореиренсе), Родригез (Р. Сосиедат), Кансело (Валенсија), Же (Белененсес), Семедо (Спортинг Л.), Фигуеридо (Насионал)

Среден ред: Невеш (Порто), Рамос (Порто), Санчез (Баерн М.), Подставски (Порто), Жералдес (Спортинг Л.), Карваљо (Виторија), Фернандеш (Сампдорија), Лопес (Лил).

Напад: Поденсе (Спортинг Л.), Жота (Порто), Гуедеш (ПСЖ), Медеирош (Боависта), Орта (Брага), Брума (Галатасарај) и Пасиенса (Рио Аве).



Датум: 25.05.2017, 14:24
Статијата е прочитана 2108 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense