| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.12.2017

Шкупи го одбра Ѓорче

Чаирскиот тим го пријави овој терен за играње на натпреварот, откако јасно беше дека на „Чаир“ нема услови за играње после борбата на кал во првенствениот меч

Реванш натпреварот во 1/8 финалето од Купот на Македонија помеѓу Шкупи и Вардар, и официјално ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров. Откако е увидено дека нема можност и услови да се игра на „Чаир“, Шкупи го пријави само теренот во Ѓорче Петров, со што и дефинитивно ќе се игра на тој терен.

Се играше таму и првиот меч кој што заврши нерешено 1:1, но сега како домаќин ќе „фигурира“ тимот на Шкупи, кој што беше гостин на првиот меч кога водеше чаирскиот тим со голот на Јашароски, а во вториот дел Вардар успеа да израмни преку Барсегјан.

 



Датум: 14.12.2017, 14:53
Статијата е прочитана 757 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense