| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.03.2017

Шенсои: Да не влеземе во „црна“ серија

Ќе мора на мечот со Ренова да одиграме позитива. Дали тоа ќе биде бод или три важно е да не влеземе во „црна“ серија и да губиме мечеви еден по друг – вели Шенсои

Пелистер го загуби третото место од директниот конкурент Работнички. Нема дилеми дека битолчани ќе сакаат да си го вратат истото, но за да се случи тоа ќе треба сега да вложат двојно повеќе напор. Не случајно се вели дека тешко е да освоиш место, а уште потешко да го задржиш.
„Загубивме многу важни бодови и сега не ни преостанува ништо друго освен да се концентрираме на следниот меч. Ренова е силен квалитетен противник. Тоа е екипа која е хомогена и која има сериозен квалитет. Не е тим кој се адаптира на играта на другиот тим, напротив. Игра своја игра“ – вели тренерот на Пелистер, Наџи Шенсои.

„Респект за тимот на Ренова. Навистина јас сум пријатно изненаден од овој тим, и како тој изгледа на терен. Сепак,  ние сме во специфична позиција во моментов“ – додава кормиларот на Пелистер.

СÈ ШТО ЗАГУБИВМЕ ДА ВРАТИМЕ
„Ние не смееме да си дозволиме да влеземе во ’црна’ серија на резултати. Загубивме против Работнички многу значајни бодови и сега ќе мора да ги враќаме на друго место. Дали позитива за нас значи бод или три во моментов не е коректно да прогнозирам, но во секој случај мислам дека не смееме повторно да загубиме. Два меча по ред негатива за нас ќе биде лошо“ – додава Шенсои.

* Прочитајте поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 16.03.2017, 14:33
Статијата е прочитана 1383 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense