| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.03.2017

Бразилска дружба меѓу Вардар и Шкендија

Балотели и Фелипе од една страна, Жуниор и Јуфо од друга страна, иако се членови на големите ривали знаат понекогаш, со своите семејства, да го минуваат слободното време заедно

Не е тајна дека Вардар и Шкендија во последните 3-4 години се големи ривали, имаат најголеми буџети во мак-фудбалот, екстра квалитетни играчи и, секако, познати странци. Интересно е тоа што и во едната и во другата екипа има по двајца интернационалци од Бразил. Кога ќе се погледне фотографијата просто за неверување е како тоа големите ривали меѓусебно се дружат. Но, така и треба, ривалитетот на страна, но фудбалското пријателство е пред сè меѓу сонародниците од Бразил.
Џонатан Фелипе и Хуан Фелипе од една страна и Стенио Жуниор и Виктор Јуфо од друга страна најдобро покажуваат дека членовите на Вардар и Шкендија можат да се дружат и заедно, понекогаш со своите семејства, да го минуваат слободното време. Без разлика дали е тоа во домот на вардарците во Скопје или на тетовците во градот под Шара.
Затоа секоја чест за момците од Бразил кои со вакви дружби ја намалуваат тензијата меѓу двата наши најголеми клубови. Секако не смееме некои работи да ги глорифицираме до крајност зошто се знае дека сите четворица доаѓаат од земјата на кафето.

ЏЕФЕРСОН, МОРАИС...
На фотографијата покрај фудбалерите на Вардар и Шкендија, се и Џеферсон, кој е некогашен фудбалер на повеќе наши клубови и актуелен бизнисмен кој е стациониран во Скопје. И на крај тука е ракометарот на Вардар Рожерио Мораис. Сите Бразилци, сите имаат допирни точки со спортот, со фудбалот и ракометот пред сè, па затоа не е тешко да се претпостави што е главна тема на разговор при нивните дружби.



Датум: 27.03.2017, 09:58
Статијата е прочитана 3574 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense