| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.03.2017

Лидерот без милост и кон Металург

Нова победа за Академија Пандев, овојпат против Металург од 2:0 во меч од 16. Коло во Втората лига

Академија Пандев навистина не знае за доста. Нова, 14 победа за тимот од Струмица кој и натаму без проблеми ита кон Првата лига. Денеска жртва беше младиот тим на Металург, со головите на Пандев во 3. минута и Дориев во 54. лидерот победи со  2:0 и освои нови три бода.
Скопје и Новаци одиграа интересен натпревар на Автокоманда. Десниќ му донесе водство на својот тим во 30. минута, следуваше израмнување на 1:1 со голот на Гроздановски во 66. минута. Сепак големи три бода на „пиратите“ им донесе Колеќески ви 72.минута.
Во Неготино пак Вардар и Тетекс одиграа без голови. Утре се играат двете преостанати средби во ова коло, тоа се Еуромилк – Хоризонт Т и Тиквеш – Влазерими.


РЕЗУЛТАТИ – 16.КОЛО
А. ПАНДЕВ – МЕТАЛУРГ 2:0
ВАРДАР (Н) – ТЕТЕКС 0:0
СКОПЈЕ – НОВАЦИ 2:1
УТРЕ, 14 Ч
ЕУРОМИЛК – ХОРИЗОНТ Т
ТИКВЕШ – ВЛАЗЕРИМИ
ТАБЕЛА
1 .А. Пандев 43 бодови, 2. Скопје 30, 3. Еуромилк 26, 4. Новаци 25, 5.Металург 23, 6. Хоризонт 19, 7. Влазерими 15, 8. Вардар (Н) 14, 9. Тетекс 13, 10. Тиквеш 10



Датум: 11.03.2017, 16:13
Статијата е прочитана 5277 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense