| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.08.2017

Вардар: Ни се падна најтешкиот ривал

„Добивме силен противник, но веруваме дека можеме да излеземе како победници“, се реакциите на дел од играчите на Вардар

Вардарци се оптимисти, иако велат дека нивниот ривал е силен тим кој што редовно се бори за титулата во Турција, и кој што редовно учествува во групната фаза во европските натпреварувања. Меѓутоа „црвено-црните“ после елиминацијата од Копенхаген, се надеваат на најдоброто против турската екипа.

Еве ги реакциите од Николов, Спировски и Којашевиќ после ждрепката.

БОБАН НИКОЛОВ: „Добивме силен противник, но не се плашиме. Ќе одиме да се надигруваме со нашиот ривал. Станува збор за екипа составена од играчи кои што играле во најсилните првенства и секогаш имаат фудбалски „ѕвезди“. Мислам дека ќе бидат два добри натпревари пред многу публика и во Скопје и во Истанбул. До сега на сите натпревари одевме со цел. Полни со отпимизам сме, веруваме сите дека можеме да го поминеме Фенербахче. Против секој тим ќе дадеме максимум, така ќе биде и на овие два натпревари“

СТЕФАН СПИРОВСКИ: „Фенербахче е силен противник, еден од најсилните кои што можеа да ни се паднат. Секоја година игра во групна фаза во Европа, и секоја сезона се бори за титулата во Турција. Ќе бидат два интересни натпревари, верувам дека трибините ќе бидат полни и на двата меча и ќе играме пред добра атмосфера. Противникот е силен, меѓутоа ќе одиме да се надигруваме и да се обидеме да направиме добар резултат и да се обидеме да влеземе во групната фаза од Лигата на Европа“

ДАМИР КОЈАШЕВИЌ: „Да бидам искрен од сите тие пет екипи кои беа можни противници, ни се падна најтешкиот тим за ривал. Тоа е што е, одиме да се надигруваме и се надеваме дека ќе излезе добро за нас. Покажавме во Лигата на шампионите дека можеме да се носиме со секого, освен на оние лоши последни 15 минути во Копенхаген кои треба да ги заборавиме. Нашата цел е да пројдеме. Не стравуваме од Фенербахче, иако имаат добри играчи и големи фудбалски „ѕвезди“. Фудбалот е тимски спорт, а не индивидуален. Нас не краси тимски дух и се надевам дека ние ќе излеземе како победници“.



Датум: 04.08.2017, 14:26
Статијата е прочитана 1277 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense